Филмска најава, епизода 1: Куќата на Шмал (ВИДЕО)

Медиумскиот тим на Виве Киелце се потруди да направи одлична работа при промоцијата на екипата за првиот меч на домашен терен сезонава во Лигата на шампионите. Еден од најискусните играчи во составот, Славомир Шмал е во главна улога во краткиот филм.

Името на филмот е „Куќата на Шмал“, а инспирацијата е добиена од познатата серија „Куќа на карти“. Инаку, се работи за најава на средбата Киелце – Кил која се игра в недела од 18:30 часот.