Филип Талески за 24Ракомет ТВ: Европскиот првак е предизвик за секого (ВИДЕО)

Големата надеж на македонскиот ракомет, Филип Талески денеска во дресот на Рајн Некар ќе игра против Вардар на натпревар во Лигата на шампионите. Тој е заедно со своите колеги во Скопје и го очекува овој меч, а со оглед на тоа што на последните мечеви за Рајн Некар има се поголема минутажа сигурно и утре ќе биде еден од играчите коишто ќе бидат главно оружје на Рајн Некар.

„Драго ми е што ќе имам можност да настапам пред македонската екипа со тим од странство. Сезонава играм повеќе отколку лани, но и нашиот договор со тренерот беше таков, годинава да играм повеќе. Доаѓаме овде со пораз, кој ни е втор сезонава. Не може да се каже дека се штедевме за овој меч против Вардар. Имавме грешки во нападот, па тоа придонесе за поразот од Мелзунген. Во добра форма сме иако имаме и многу патувања во последниот период така што очекувам добар натпревар против Вардар.  Се работи за актуелниот европскиот првак кој е предизвик за секого, па ние денеска ќе го дадеме максимумот“, изјави Талески за 24Ракомет.

Целото интервју кое 24Ракомет ТВ го направи со Талески пред мечот против Вардар, проследете го во продолжение.