Филип Талески заминува од Рајн Некар, следна дестинација…

Македонскиот репрезентативец Филип Талески е пред заминување од Рајн Некар Левен. Тој одработи три сезони во поранешниот германски шампион, но никогаш не ја доби посакуваната минутажа. Сега во потрага по поголема минутажа ќе прифати некоја од понудите што ги има.

Оваа сезона имаше промена на клупата на “лавовите” и на местото на Данецот Николај Јакобсен, дојде Швеѓанецот Кристјан Андерсон, но очигледно ниту со вториот Скандинавец, Талески нема да биде во преден план, особено со доаѓањето на Ромен Лагард. Талески веројатно сфати дека ќе има минутажа на “парче” како и досега, па реши да бара нова средина за следната сезона, иако има активен договор со клубот.

Левиот бек имаше понуда да се пресели во Вардар, и тоа уште за оваа сезона, но не ја прифати и реши да се бори за подобар статус во Рајн Некар. Левиот бек беше интересен за македонскиот вице шампион Еурофарм Работник, но и таа понуда не беше довлно примамлива за Талески.  Тој веројатно ќе се одлучи да остане во Германија.

Четири бундеслигаши се заинтересирани за неговите услуги – Штутгарт, Балинген, Вецлар и Минден. Деновиве и тоа ќе биде познато…