Филип Талески ќе го менува Велко Марковски за дуелите со Франција!

По првиот тренинг кој македонскиот стручен штаб го искористи за пребројување и сумирање на досега сработеното, селекторот Обрван ќе мора да направи уште една замена. Откако по првото пребројување ракометарот на Зомимак, Велко Марковски пријавил повреда на ахиловата тетива, а првата опција на левата бековска позиција Наумче Мојсовски ќе настапи со мала повреда на шутерското рамото, селекторот Обрван дополнително го повика младиот ракометар на РК Металург Филип Талевски.
Талевски игра на левата бековска позиција и веќе има настап за сениорската репрезентација на Македонија во овој квалификациски циклус. Натпреварот против Франција, репрезентацијата на Македонија ќе го одигра утре 29.04.2015 со почеток од 20:15.