Филип Миркуловски: Понеделник е денот Д за Македонија (Видео)

Недела е првиот работен ден од седмицата во Катар, но за македонската репрезентација значи прв ден пауза за сумирање на впечатоците и одмор. Преостануваат натпреварите со европските екипи, а веќе во понеделник, македонските ракометари ќе се соочат со БИХ.
„Искуството е на наша страна, но Босанците нема лесно да се предадат“ така Филип Миркуловски го опиша утрешниот натпревар против БИХ. Целосната изјава можете да ја погледнете на видеото подолу.