Филип Лазаров ќе настапи на дуелот со Полска

Филип Лазаров ќе настапи на средбата против Полска. Селекторот на македонската репрезентација Ивица Обрван се одлучи да го вклучи левиот бек на Вардар за сметка на пивотот Жарко Пешевски. Лазаров на почетокот на подготовките заработи незгодна повреда на мускулот, но на вчерашниот тренинг покажа дека може да одговори на предизвикот наречен Полска.

Утрово ЕХФ официјално ја објави замената во македонската селекција, единствена за првиот круг натпреварувања.

Жарко Пешевски нема да има право на настап до крајот на Европското првенство во Полска 2016.