Филип Лазаров спаси бод за Темишвар: Четири гола за неполни четири минути за избегнување на пораз кај Фочани

Темишвар одигра 26:26 на гостувањето кај Фочани во рамките на мечот од 5 коло во романскиот шампионат. Домашните го диктираа темпото и водеа речиси цел меч, но на крајот мораа да се задоволат само со бод, а за сето тоа „виновен“ е македонскиот репрезентативец Филип Лазаров.

На четири минути до крај на натпреварот Фочани водеше со 26:21, кога се чинеше дека се е готово на овој дуел, најдобриот поединец на Темишвар, Филип Лазаров успеа да украде три топки кои ги претвори во голови за 26:24. Во последниот напад при резултат 26:25, домаќините немаа среќа и концентрација да реализираат затоа печат на оваа средба за поделба на бодовите стави Филип Лазаров со својот осми гол за конечни 26:26. На овој меч настапи и голманот Златко Даскаловски.