Филип Лазаров пред промоција во Романија

Македонскиот репрезентативец и некогашен капитен на Вардар, Филип Лазаров својата кариера ја продолжува во Романија. Левиот бек имал повеќе интернационални и една домашна понуда, но најсериозни услови понудила третопласираната екипа во романскиот шампионат, Политехника Темишвар.

Лазаров изминативе два месеци беше поврзуван со бројни екипи, но како најсериозни во намерите за ангажман на репрезентативниот бек беше составот на Металург. Сепак понудата на романците им ги закомпликува пресметките на управата од Автокоманда, која ќе мора да пронајде ново име на левата бековска позција каде примарната улога наредната сезона ќе ја има младиот Филип Талевски.

Темишвар создава силен тим за оваа сезона во романското првенство и ЕХФ Купот. Покрај Лазаров во романскиот состав настапува повремениот македонски репрезентативен голман Даскаловски, а од септември тимот ќе биде посилен за босанскиот голман Адам Савиќ, левото крило Филип Маријановиќ, десниот бек и поранешен македонски младински репрезентативец Марко Симовиќ како и Вук Милошевиќ. Своите договори со екипата ги обновија Марко Ласица и Жарко Пејовиќ, а на клупата останува црногорскиот стратег Перо Милошевиќ.

Ова ќе биде второ интернационално искуство за Лазаров откако краток период настапуваше во Унгарија.