Филипа Иден ја продолжува кариерата во Есбјерг

Голманката на репрезентацијата на Шведска и членка на ИК Савехоф, Филипа Иден наредната сезона ќе брани во Есбјерг. Иден оваа сезона имаше одлични настапи во ЛШ во дресот на Савехоф, а минутажата во новиот клуб ќе ја дели со Норвежанката Емили Станг. За младата голманка од Шведска, Есбјерг ќе биде сериозен предизвик и одлична можност за докажување на своите голмански способности.

Во наредниот период ќе се знаат сите нови засилувања во Есбјерг.

Фото:  Peter Gustafsson