Фехервар во следното коло од ЕХФ Купот: Елена Георгиевска го доби „македонскиот“ дуел

По победата на гостински терен во Роман, на составот на Фехервар му преостана возвратниот дуел за потврда на квалитетот и одиграното во првиот дуел (25-27). Токму со победата од 28-24 унгарскиот тим го потврди преминот во третото коло од ЕХФ Купот. Во ниту еден момент не беше доведен во прашање пласманот на составот на Елена Георгиевска во следното коло од европското натпреварување.
Двете екипи влегоа во натпреварот со два погодока залиха на контото на домаќинот Фехервар, изборени во првиот дуел одигран во Роман. Одличната Глипко го отвори натпреварот со првиот од осумте голови колку што постигна на овој меч. Но домаќините бргу го превзеамаа водството и поведоа со 4-1. Следуваше нова низа на домашните ракометарки, а на спротивната страна  проблемите со нападот на Роман по 16 минути игра значеа прв тајм-аут за тренерот на гостинската екипа, Андон Бошковски. Иако романските ракометарки заиграа подобро во продолжение, сепак високата предност од почетокот значеше пет голови разлика по првите триесет минути за конечни 15-10.
На почетокот на вториот дел, домаќините ја создадоа највисоката предност преку Казаи и Георгиевска, но во продолжение Роман заигра подобро, го одржуваше чекорот со унгарскиот состав, а во самиот финиш со низа од 5-1 дојде до четири погодоци разлика со која се заврши овој дуел. Со резултат 28-24 Фехервар го продолжува настапот во ЕХФ Купот и престојот во ракометна Европа.

КЦ Алба Фехервар – ХЦМ Роман 28-24 (15-10)
Вкупно: Алба Фехервар 55-49 Роман
Фехервар: Хер, Сипеки (голмани) – Мајер, Пиедаде 2, Лавко 4 (3), Менди 6, Тилингер 2, Худра, Пелзедер, Георгиевска 1, Хајдуч 4, Мајуко, Банделиер 6,  Казаи 2, Розас, Болдизар
Роман: Мартин Столеру, Тимошенкова (голмани) – Глипко 8, Иугану 5, Тошковиќ 5, Читаку 2, Столеру 2, Агригорае 1, Попеску 1, Вадинеану 1, Цилици, Дину, Пислару, Русу, Томеску, Варитќ