Фернандез: На победата на Металург влијаеја „други“ фактори

Тренерот на гостите, Хавиер Фернандез на прес-конференцијата по мечот со Металург беше краток и јасен во својата изјава. Тој меѓу редови посочи дека судиите имале големо влијание на победата на македонскиот првак.

„Им ја честитам победата на Металург. Голманот беше пресуден за нивната победа, но и други фактори кои не би сакал да ги коментирам. Имавме шанси, особено во последната акција, но голманот ни ја прекрати радоста“ – изјави Фернандез.