Фернандез за 24ракомет: Имаме сили да стигнеме дo златото

На средбата со медиумите, шпанската репрезентатицка Беатриз Фернандез не го криеше задоволството од постигнатиот резултат на европското првенство. Таа верува дека Шпанија има доволно сила и квалитет да и се реваншира на Норвешка за поразот од Европското првенство одиграно во 2008 во Македонија.

“Ние го имаме истот состав но сега сме многу покомпактни. Доста вредно работевме за да изгледаме како еден сложен колектив. Тоа даде резултат и затоа на ова првенство сме еден вистински пример за тимска игра и тоа е клучно за нашиот успех. Денес мораме да ја одиграме нашата игра и да зависиме само од себе затоа што ако си дозволиме норвежанките да бидат тие кои ќе ја водат играта тоа може да биде погубно за нас. Верувам  во мојата репрезентација и мислам дека имаме доволно сили да сигнеме до златото” за 24 ракомет изјави Фернандез