Ференц Ковач: Дури и кога мојот тим водеше, знаев дека на крајот ќе победи Вардар

По вечерашната победа над австрискиот шампион Хипо со резултат од 37-25 на прес конференцијата тренерите на двете екипи ги дадоа следниве изјави:

Индира Кастратовиќ: “Ниеден натпревар не е лесен, поготово што овој дуел не ни значеше ништо па затоа малку и псхички бевме нестабилни. Им честитам на девојките за победата, но мораме да направиме подлабока анализа, за да не се случат вакви работи во главната фаза.“

Ференц Ковач:” Пред натпреварот ние мислевме дека ќе загубиме со 15 голови разлика. Во поголемиот дел од мечот домашните ракометарки не беа концетрирани во мечот, но на крајот ја покажаа целата сила. Дури и кога мојот тим водеше, знаев дека на крајот ќе победи Вардар.“