Ференцварош по стапките на Ѓер, донесе Норвежанка во своите редови

Најновото засилување за унгарскиот вицепрвак Ференцварош е 25-годишната ракометарка на Ларвик и норвешката репрезентација, Емили Кристенсен. Таа ќе се пресели во Унгарија по крајот на сезоната.

‚‚Емили успеа да се докаже во репрезентацијата и во клубот. Многу ми е мило што таков мајстор на ракометната игра ќе се настапува за нашиот тим. Сигурен сум дека Кристенсен брзо ќе се вклопи во екипата. Заедно со Анико Ковачич и Николет Тот, таа ќе го предводи Ференцварош во нови успеси‘‘, рече претседателот на клубот Ласло Богнар.

Во 2017 година, Емили Кристенсен го освои сребрениот медал на Светското првенство во дресот на Норвешка.