Ференцварош како брз воз низ Лајпциг

Ракометарките на Ференцварош се враќаат со висока победа од гостувањето кај Лајпциг со 30:17, во рамките на натпреварот од 4 коло во Лигата на шампионите. Со оваа победа, унгарскиот тим го обезбеди своето место во главната фаза, и остави Астраханочка и Лајпциг да решаваат за последниот патник, ако се знае дека и Вардар е сигурен за пласманот понатаму.

Уште од стартот на дуелот, гостинките наметнаа силно темпо, што Лајпциг кој играше само со 10 ракометарки не можеше да го следи, па ниту еднаш не успеа да израмни, а камоли да поведе. Ференцварош имаше и плус 14, 29:15, но на крајот разликата беше 13 голови, 30:17. Најдобра во победничкиот состав беше Зита Сучански со 7 голови, додека Лукач и Шатцл дадоа по 5, а во домашниот тим се истакна Ланг со 5 голови.

Фото:fradi.hu