Фарските Острови повторно ќе бидат пречка за Македонија на Европскиот шампионат

Македонската кадетска репрезентација, составена од ракометари до 18 години ги доби своите противници за Европскиот шампионат кој ќе се игра наредната година во Грузија. Македонија ќе го започне првенството од групата А против Швајцарија, Фарските Острови, Естонија, Луксембург и Литванија. Само победникот на овој шампионат ќе отиде чекор понапред и ќе обезбеди пласман меѓу најдобрите репрезентации на Европското првенство 2020 година.

Македонските кадети веќе играа на Европскиот шампионат минатата сезона, но не успеаа да ја поминат Унгарија на патот кон најдобрите 16 репрезентации во Европа. Младите ракометари настапот во Бугарија го завршија со пораз од Фарските острови.

На вториот Европски шампионат кој ќе се одигра во Австрија, најголеми фаворити се домаќините, а за место меѓу кремот на Европа ќе се борат со Чешка, Словачка, Црна Гора и Холандија.