Фарските Острови победници на првото Светското првенство на Нови Нации

Фарските Острови се победници на првото издание на Светското првенство на Нови Нации на кое домаќин беше Косово во периодот од 20-26 јуни.

Во финалниот натпревар Фарските Острови беа подобри од Летонија и во натпреварот кој го добија со 27-24 станаа првиот шампион на ИХФ кој стигнал до титулата во ова ново натпреварување. Домаќинот на турнирот – Косово го победи Уругвај во натпреварот за третото место и успеа да го освои бронзениот медал.
Уште на почетокот на натпреварот за бронзениот медал беше повеќе од јасно дека Косово ќе дојде до победа бидјеќи на полувреме домаќинот оствари предност од 15-8 за конечни 28-16 на крајот на натпреварот.

Од таборот на победникот дојде и најкорисниот играч на првенството – Трондур и дополнително Фарските Острови се стекнаа со признание за најдобро лево крило и десен бек.


“Ол-стар тим”

Голман: Фоншо Исак Јуниори – Камерун
Лево крило: Росинг Расмусен – Фарски Острови
Десно крило: Карл Росна – Естонија
Централен бек: Кресник Красниќи – Косово
Лев бек: Рајмондс Трифановс – Латвија
Десен бек: Аки Егилснес – Фарски Острови
Пивот: Кастриот Јупа – Косово
Најдобар стрелец: Светлин Димитров – 64 погодоци – Бугарија
МВП: Крагестен Трондур


 

Конечен пласман:
1. Фарски Острови
2. Летонија
3. Косово
4. Уругвај
5. Естонија
6. Молдавија
7. Камерун
8. Малта
9. Велика Британија
10. Кина
11. Бугарија
12. Австралија
13. Ирска
14. Албанија
15. Андора
16. Ерменија