Швеѓанката Сара Нидемар лојален навивач на Вардар

Илјадниците километри не преставуваат пречка за најлојалните ракометни фанови, а потврда за ова е случајот на младата швеѓанка Сара Нидемар која патува 4-5 пати во годината за да ја даде подршката на македонскиот шампион Вардар.

Сара активно следи ракомет во изминатите 15 години, а кариерата на Инна Суслина ја прати почнувајќи од 2005 година. Таа е вистински доказ за тоа дека љубовта кон омилениот клуб едноставно не може да се спореди со ништо останато на светот и преставува вистински пример за лојален ракометен фан.

Среќата на нејзиното лице беше видлива на вчерашниот тренинг на Вардар на кој таа присустуваше и за 24ракомет.мк ги сподели нејзините ракометни пасии.

“Бидејќи Инна Суслина е мој омилен играч јас активно ја следам нејзината кариера и нејзинот трансфер во Македонија ме натера да дојдам да ја посетам вашата земја” раскажува Сара

“Гордо можам да кажам дека сум една од малкумината која го подржуваше Вардар уште на почетокот кога проектот сеуште беше во сенка и со самото тоа задоволството да се биде фан на овој клуб кој денес е уште поголемо”

10525001_10203696245119853_2105819860_n
Заедно со Инна Суслина

Во 2012 година првпат се запознава со главниот град Скопје и нејзините импресии од градот се одлични и низ насмевка вели дека народот тука е одличен. Набрзо после нејзината прва посета таа таа решава да ги доведе нејзиите родители и пријатели во нашата земја.

Покрај женската екипа на Вардар, Сара присуствувала и на неколку натпревари на машкиот тим и задоволна е од играта која тие ја прикжуваат на теренот во досегашната сезона.

“Кога сум веќе тука исто така уживам во натпреварите на машката екипа на Вардар и сметам дека тие имаат одличен тим со многу звезди и годинава ќе целат високо. Мој омилен играч од машката екипа на Вардар е Дибиров”

“Мината сезона тимот настапуваше за прв пат во Лигата на Шампионите и резултатот кој што го постигнаа беше одличен. Имам високи очекувања и во оваа сезона и се надевам дека успехот  во најмала рака нема да биде помал од мината сезона. Секако моја желба е шампионското злато и се надевам дека тимот ќе успее во тој подвиг.”

10695265_10203696250279982_1889675556_n
На вчерашниот тренинг на Вардар