Фантастичниот Омејер за ново финале на Франција

Во второто полуфинале Франција беше подобар противник во текот на сите шеесет минути и заслужено го обезбеди местото меѓу двете најдобри екипи во светот.
Франција 25-22 Шпанија (18-14)
Канелјас го отвори резултатот, но играта гол за гол траеше единствено во првите 10 минути. Карабатиќ , Нарцис и Гигу ја направија клучната предност која во 15-та минута изнесуваше пет погодоци 7-12. Душебаев и Угалде за момент го намалија високото водство, но најблиску до водството на Франција беа на два гола негатива во 23-та минута при резутат 12-14.Омејер беше одличен во првиот дел со осум одбрани и беше најзаслужен за резултатот на полувреме од четири голови 18-14.
Почетокот на вториот дел им припадна на Шпанците, Угалде на двапати стрелаше прецизно, ја искористи непрецизноста и избрзаните удари на Французите за 16-18 по четри минути игра. Жоли за момент ја прекина серијата на „црвената фурија“, но Канелјас и Агинагалде го направија продолжението поинтересно. Во 36-та минута Шпанија се доближи на само гол разлика 18-19. Омејер беше едиствената пречка за израмнување на резултатот, во средината на вториот дел му се приклучи и Перез де Варгаз на спротивната страна, тој ја одржуваше надежта на актуелниот светски првак. Клучниот период кога се одлучи победникот беше на 10-тина минути пред крај на натпреварот, кога Франција со играч помалку успеа да одолее на нападите на Шпанија, а Сорендо и Жоли беа прецизни за враќање на водството од три голови предност за 21-24 во 53-та минута. Кога веќе се беше решено Гигу стави печат на натпреварот за конечни 25-22.
Омејер со 20 одбрани беше човек за одлука и ново финале на триколорите. Во недела Франција ќе се соочи со домаќинот Катар во финалниот дуел кој е на програмата од 19:30.