Фантастичниот Загреб ги покори ѕвездите од Париз

Со натпреварот меѓу ППД Загреб и ПСЖ во рамките од осмото коло од Лигата на шампионите се спушта завесата на најсилното ракометно натпреварување за оваа година. Храбрите ракометари на Загреб беа повеќе од достоен противник на големиот ПСЖ.
Првото полувреме помина во резултастска неизвесност, Абало го отвори резултатот но ѕвездениот тим од Парис не успеа да направи посериозна предност. Борбена одбрана наградена со одлични интервенции на Ивиќ беше рецептот по кој Вујовиќ им се спротивстави на гостите в првиот дел. ПСЖ делуваше индивидуално, а Нарцис и Хансен не се снајдоа против високата и агресивна одбрана на домаќините.Загреб го превзема водството во 7-та минута со голот на Обрановиќ, а во 10-та Степанчиќ ги одведе „плинарите“ на два гола разлика. До 19-та минута ПСЖ повторно го израмни резултатот пред се поради неколку технички грешки во нападот на Загреб, а неизвесноста траеше до 25-та минута. Загреб преку Михиќ и Обрановиќ го врати највисокото водство од два разлика, а во 26-та минута Раковиќ е прецизен за првото водство од три гола, 14-11. До крај на првиот дел, ПСЖ со мини-серија го намали водството на Загреб на минимални 14-13.
Хорват го постигна првиот гол во второто полувреме, но ПСЖ преку крилата М’Tима и Мелиќ повторно ја врати неизвесноста. Парижаните ја форсираа играта на линијата од 6-метри, но неколку додавања до Гунарсон беа неуспешни, а нападот на Загреб бесмилосен. Од 40-та минута со серија од 3-0 Загреб го врати водството од три разлика 20-17, а Валчиќ во 48-та минута ги постави највисоките 21-17. Се обидуваа ракометарите на ПСЖ од сите позиции, но непрецизноста беше причина резултататската предност да остане во полза на Хрватите, се обидуваа Нарцис и Хансен преку контра напади и удари од далечина, но голот на Ивиќ како да беше маѓепсан. Акамбре стави точка на овој натпревар со звукот на сирената за конечни 25-24.
Најпрецизен во екипата на ПСЖ беше Даниел Нарцис со 6 погодоци, а кај Загреб, Хорват и Обрановиќ постигнаа по пет. Ивиќ на крај на натпреварот имаше 11 интервенции, три повеќе од Омејер на спротивната страна.