Фантастичната Нора Морк го потврди пласманот на Норвешка во полуфиналето

Во вториот натпревар од денешната програма во групата 1, репрезентацијата на Норвешка со победата над Полска од 24-26 го потврди својот пласман во полуфиналето на ЕП во Унгарија и Хрватска. По резултатот од првиот натпревар во кој Шпанките беа поразени од Романија, Норвешка влезе малку опуштено во овој натпревар. Полските ракометарки 35 минути го диктираа темпото кога имаа и водство од високи пет голови разлика. Натпреварот го реши фантастичната Нора Морк која во вториот дел имаше свое гол шоу и го скрши отпорот на Полска. Морк го заврши натпреварот со 11 погодоци и го потврди пласманот во полуфиналето на својата репрезентација.

Група 1 ( Унгарија, Дебрецин)

Полска-Норвешка 24-26 (15-11)

Марта Гега го постигна првиот гол на натпреварот и ја донесе Полска во водство од 1-0. На спротивната страна одговори Кристијансен за 1-1. Норвешка на самиот почеток беше изненадена од подвижната полска одбрана која ги принудуваше скандинавките на за нив несвојствени технички грешки. Во нападот ракометарките на Полска играа во стилот на својот противник, и пред се со брз проток на топката и одлична реализација во нападот беа тие кои го диктираа темпото во првиот дел. Александра Зих беше ракометарката за која Норвежанките немаа лек во првите 15 минути од натпреварот. Постигнувајќи три гола во серија и го донесе првото поголемо водство на Полска од 8-5 на половина од првиот дел. Покрај бековската линија, Полските ракометарки патот до норвешката мрежа го наоѓаа преку пикерот Драбик која со својот 4 гол ја доведе Полска на + 5, 14-9 во 25 минута. Норвешка се обидуваше да се врати во натпреварот но одигра слабо прво полувреме со премногу технички грешки, а на голот на Полска беше и одличната Вишокинска која имаше одлични одбрани во моментиоте кога скандинавките се обидуваа да се вратат во натпреварот. Локе со својот трет гол стави точка на првиот дел за конечни 15-11 во корист на Полска.

nora 1

Полска ја одржуваше позитивата од четири голови разлика 18-14, во воведните пет минути на вториот дел. Радоста на норвешките фанови ја врати Нора Морк која имаше свое гол шоу на почетокот на вториот дел и со постигнати 6 гола од вкупно 8 ја предводеше својата репрезентација во серија од 5-0 со која Норвешка поведе со 18-19 во 40 минута. Полска падна во ритамот, норвешките ракометарки продолжија да ја зголемуваат разликата која на десетина минути до крајот изнесуваше +3, 21-24. До крајот на натпреварот Норвешка успеа да ја одржи разликата за конечни 24-26 и пласман во полуфиналето.

Најпрецизни во репрезентацијата на Норвешка беа Нора Морк со 11 и Хајди Локе со 4 постигнати гола. Јоана Драбик го предводеше нападот на Полска постигнувајки 5 гола.