Фановите дочекаа шанса, ги „нападнаа“ вардарци во „Јане Сандански“ (ФОТО/ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар денеска се изборија за тешка победа против тимот на Металург во 5. коло од Супер машката лига со 32:31, но ова им беше натпревар на кој повеќе размислуваа за Пик Сегед отколку за она што се случуваше на теренот.

Сепак, овој дуел беше доволно голем повод за да има десетици навивачи на теренот после средбата кои дочекаа своја шанса за да дојдат до фотографија со своите миленици. Ова им беше една од ретките вакви можности на терен да дојдат до селфи фотографии.

Како изгледаше после мечот можете да видите од видеото во продолжение.

И од неколкуте фотографии.