Фаворитот Ростов Дон шокиран на гостувањето кај Митјиланд

Големиот фаворит за титулата во Лигата на Шампионите – Ростов Дон, во четвртото коло доживеа пораз со резултат 25-23 на гостувањето во Данска кај екипата на Митјиланд.

Централниот бек Илина го отвори резултатот на овој натпревар но Јакобсен и Јоргенсен брзо ја превзедоа иницијативата што резултираше со 8-3 во полза на Митјиланд на средината на првиот дел. Составот на Јан Лесли ја консолидираше играта и до крајот на првиот дел успеа да намали само на три погодоци разлика 13-10.

Вјахирева донесе изедначување во 36та минута 15-15, но Јоргенсен и Кристинасен уште еднаш ја поведоа екипата на Митјиланд во ново водство кое го задржаа до крајот на натпреварот за конечни 25-23.

Со денешниот резултат Митјиланд е на втората позиција со четири бода во групата Ц, додека Букурешт и Ростов Дон имаат по два бода. Ѓер е лидер на групата и веќе по четири одиграни кола обезбеди влез во групната фаза.