Фабрегас потпиша нов договор со Барса

Репрезентативецот на Франција и еден од најдобрите пивоти во светот, Лудовик Фабрегас беше награден со нов договор од страна на Барселона. Добрите игри во текот на сезонава беа причина раководството да му овозможи да остане дел од тимот најмалку до летото во 2023 година.

Талентираниот Французин пристигна во Барселона на почетокот на оваа сезона. Има одлична година во која тимот од Каталонија е на добар пат кон Ф4 во Лигата на шампионите. Тој е играч кој потекнува од школата на Монпелје, тим со кој минатата година дојде до титулата во најелитното европско натпреварување.

Фабрегас има 22 години, а репрезентативец е на Франција од својата 19-та година. На својата репрезентација и помогна во походот кон златото на Светското првенство во 2017 година, а на минатото Европско првенство го освои бронзениот медал исто како и на Мундијалот во јануари.