Уште на загревање братска пресметка: Игор vs. Иван (ВИДЕО)

Загревањето на двата тима од полуфиналниот натпревар во регионалната лига е во тек, а уште на самиот почеток во пријателска атмосфера двете екипи се испробаа во шутирање пенали. Главниот збор го имаше „голманот“ Иван Карачиќ, додека на линијата за седум метри се менуваа Игор Карачиќ, Растко Стојковиќ и Добривоје Марковиќ.
FLP_5288-2
Братскиот дуел го одбележа првиот дел од загревањето, Игор Карачиќ кој е предводник на македонскиот состав Вардар беше задолжен за изведување на пеналите, додека неговиот постар брат Иван кој настапува за екипата на Мешков, беше во улога на голман.
FLP_5305
Кој беше поуспешен можете да погледнете на видеото подолу.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ

Забрането превземање на фотографии без одобрение од Редакцијата