Уште едно реми меѓу екипи од Хрватска и Словенија во СЕХА

После вчерачшното реми меѓу ППД Загреб и Целје денеска во СЕХА-лигата ремизираа и другите два тима од Словенија и Хрватска, Нексе и Горење. Малку недостигаше и резултатот да биде идентичен бидејќи постигнаа по гол помалку и завршија со резултат 24:24.

Неизвесноста траеше во текот на целата средба и постојано беше од гол до два за некој од тимовите. Ремито е најреално според она што беше одиграно така што поделбата на пленот беше најреалниот епилог за прикажаното.

Гостите и денеска беа носени од страна на голманот, Клемен Ферлин кој запре дури 14 удари на противничките ракометари, додека кај домашните Јаман со седум погодоци беше пред другите.

Со одигрувањето на овој натпревар финишираше и 4. коло од сезоната во СЕХА-лигата, а Вардар останува единствената екипа која има максимален број на бодови.