Уште една Македонка во Романија: Вицепрвакот Дунареа Браила ја претстави Марија Штериова

Македонската интернационалка Марија Штериова од наредната сезона ќе настапува во романскиот шампионат. Штериова потпиша договор со романскиот суперлигаш Дунареа Браила, кој минатата сезона ја заврши како втор веднаш зад ѕвездениот тим на ЦСМ Букурешт.

Ова ќе биде ново ракометно искуство за 26 годишната интернационалка која замина од Вардар во 2014 година, а во своето портфолио зад себе има настапи во унгарското првенство (Вац и Фехервар), норвешката лига и турскиот шампионат. Во редовите на романскиот вицепрвак Македонката пристигна од турскиот клуб Кастамону и веќе се приклучи на подготовките на романскиот тим.

Дунареа Браила, денес и официјално го потврди овој трансфер, а од наредната сезона македонскиот лев бек ќе биде дел од балканската колонија во романскиот шампионат.