Уште еден млад Македонец на печалба во Данска

Сѐ повеќе млади ракометари решаваат кариерата да ја продолжат надвор од Македонија, а на тој пат тргна и младиот Лука Благопетров (17), десно крило на младинскиот тим на Вардар Јуниор предводен од легендата Пепи Манасков.

Леворакиот Благопетров е на добар пат да стане интернационалец и да потпише во еден од данските тмови, Скиве или Виборг. Тој во моментов се наоѓа во Данска, каде ќе тренира со тимовите, по што треба да се реши каде ќе ја продолжи кариерата. Од тимот на Скиве, тројца младински ракометари сега настапија и на СП во Алжир.

Лука Благопетров (лево)

Се работи за талентиран ракометар, кој лани беше најдобар стрелец во младинскиот тим на Вардар Јуниор, а претходно настапуваше и за кадетите. Доколку потпише во Данска ќе има уште поголема можност за напредок, бидејќи ќе биде дел од првиот тим на Скиве или Виборг, кои се натпреваруваат во првата данска дивизија.

Во женскиот тим на Виборг, следната сезона ќе игра македонската репрезентативка Наташа Нолевска.