Уште еден дебакл за крај на прилепската европска авантура

По вчерашниот пораз од 42:19, ракометарите на Прилеп доживеаја уште еден, и тоа уште поубедлив пораз со 42:15, од швајцарскиот претставник Винтертур, во реванш мечот од првото квалификациско коло од ЕХФ Купот.

Како и за вчерашниот, така и за денешниот меч нема што многу да се пишува, бидејќи резултатот доволно ја отсликува сликата на тоа што се случувало на теренот. За Прилеп останува сега утехата за лошиот европски настап да ја бара во домашниот шампионат, каде ќе може да смета и на засилувањата, кои не играа на овие мечеви.