Утре ќе игра за Металург против Вардар, а денеска потпиша за друг клуб: Миличевиќ се сели во Марибор!

Металург во следната сезона ќе има големи измени во играчкиот кадар. Тео Чориќ и Гонсало Рибеиро не се веќе дел од македонскиот вицепрвак, најдобриот стрелец Александер Шпенде оди во Загреб, а Марио Танкоски и Бојан Маџовски ќе бидат дел од Еурофарм Работник.

Вториот странски пивотмен, Хрватот Адриан Миличевиќ исто така нема да остане во Автокоманда и во следната сезона ќе игра за словенечкиот тим Марибор.

Тој дојде на стартот на сезоната, но не покажа некои екстра перформанси. Погоди само 11 пати во десет меча од Лигата на шампионите, а дел од сезоната пропушти поради повреда.

Миличевиќ потекнува од Карловац, играше и за Пореч, беше кратко дел и од Загреб, пред да ја започне интернационалната кариера во Македонија.