Утре стартува продажбата на билетите за натпреварот меѓу Металург и Баја Маре

РК Металург во СЦ ,,Борис Трајковски” на 25.10.2015 ( недела)  со почеток од 17:30 силите ќе ги одмери со Баја Маре во Лигата на шампионите. Во првиот натпревар меѓу овие ривали поуспешен за само еден погодок беше домаќинот екипата на Баја Маре.

Билетите за овој натпревар од утре ќе бидат пуштени во продажба, а цените изнесуваат 60, 80, 100, 120 и 150 денари. Билетите ќе можат да се купат во просториите на ONE и on-line на karti.com.mk.

М2, М3, М4 – цена 150 ден.
М1, Б3, Б12, Б14 – цена 120 ден.
Б2, Б4, Б 15, M7, M9 – цена 100 ден.
Б5, Б 11 – цена 80 ден.
Б6, Б 9, Б 10 – цена 60 ден.