Утре започнува македонската Суперлига

Со натпреварот меѓу Пролет и Металург 2 утре (петок 16.09) започнува новата сезона во македонскиот шампионат. Десет екипи ќе се натпреваруваат за првите четири позиции кои водат во плеј-оф фазата на македонската Суперлига. Единствен нов тим од оваа година во елитното македонско ракометно друштво ќе биде Работник од Битола, а ќе недостасува тимот на Струмица кој поради финансиски проблеми не го пријави учеството во Суперлигата. Затоа Металург 2 повторно се враќа меѓу елитата. Тие како најслаборангирана екипа минатата сезона требаше да се преселат во понизок ранг, но испразнетото место во Суперлигата не го испуштија и во директна борба против Преспа успешно го продолжија својот престој во најдобрата македонска лига.

Првото коло од новата сезона во македонскиот ракомет, ќе ја одбележи дуелот меѓу градските ривали, битолските клубови Работник и Пелистер кој на програмата е утре од 20:00. Прилеп во сабота ќе го пречека Вардар Јуниор, а Радовиш ќе биде домаќин на Борец. Првото коло во недела ќе го затвори Работнички кој ќе го пречека Охрид во спортската сала Форца.

По регуларниот дел од македонскиот шампионат на четирите најдобри екипи ќе им се приклучат Вардар и Металург во плеј-оф фазата, додека останатите екипи ќе се натпреваруваат за опстанок во плеј-аут сегментот на Суперлигата.