Утре во Македонија стартува ЕП за кадетки: Нашите ракометарки започнуваат против Шведска

Градот Скопје ќе биде домаќин на најдобрите Eвропски кадетски репрезентации во женска конкуренција. Натпреварите од 13 па се до 23 август ќе се одиграат во СЦ ,,Јане Сандански” и СЦ ,,Борис Трајковски”.
Вкупно 16 репрезентации ќе се борат да го освојат тронот, а меѓу нив ќе биде и Македонија предводена од селекторката, Јулија Дамчевска.
Како голем фаворит на Европското првенство до 17 години се вбројува селекцијата на Данска која своите натпревари ќе ги игра во групата Д заедно со репрезентациите на Словачка, Унгарија и Норвешка. Македонија својот прв официјален натпревар ќе го одигра утре со почеток од 19ч против Шведска во натпреварот кој ќе се одигра во СЦ ,,Јане Сандански”. Македонскиот ростер го сочинуваат ракометарки од ЖРК Металург, ЖРК Вардар, ЖРК Стружанка, ЖРК Куманово и ЖРК Овче Поле.
Влезот за сите натпревари е бесплатен.

Преглед на групите на ЕП до 17 години

Група А: Шведска, Словенија, Македонија, Чешка

Група Б: Русија, Германија, Романија, Шпанија

Група Ц: Португалија, Хрватска, Франција, Холандија

Група Д: Данска, Норвешка, Унгарија, Словачка

Фото: www.mk2015.ehf-euro.mk