Утеха за домаќинот: Брест лесно преку Нексе, го освои третото место на СЕХА Ф4

Домаќинот на осмиот завршен турнир во регионалната СЕХА лига, Брест Мешков на крајот заврши на третото место. Белорускиот првак по загубениот полуфинален двобој со Вардар, успеа да се издигне и да слави над Нексе Нашице со 19-24. Овој натпревар се одигра како предигра за големото финале меѓу Вардар и Загреб.

Брест тргна со водство од 1-5 и покажа дека нема да се штеди во обидот да дојде до бронза. Беше и 3-8, по неколкуте врзани одбрани на Пешиќ и грешките на Јагањац и Шипиќ. Сепак Нексе намали на минус три, имаше и напад за два негатива, но не успеа и Брест до крајот на полувремето ја врати предноста од четири погодоци, 8-12.

Во вториот дел иако имаа повремени блесоци, сепак ракометарите на Нексе немаа сили да му се спротистават на расположениот домаќин докрај. Каденас ја измеша поставата на теренот, но тоа не го промени резултатот. На крајот убедлива победа на Брест Мешков над хрватскиот вицепрвак Нексе, 19-24.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Марин Шипиќ со четири голови, како и Халил Јагањац и Марио Томиќ, кои постигнаа по три погодоци. Во составот на Брест Мешков се истакнаа Максим Баранов со пет и Сандро Обрановиќ со четири, додека голманот Иван Пешиќ имаше десет интервенции.