Утврдени казните по дуелот меѓу Охрид и Пелистер: За „тепање“ по еден меч пауза

Четворицата ракометари кои добија црвени и сини картони за време на прекинот на дуелот меѓу Охрид и Пелистер од 9. коло во Суперлигата, ги добија своите казни.

Дисциплинската комисија во РФМ реши Славиша Димитријески и Дарко Георгиевски од Охрид, како и Иван Димитровски и Милош Рајичиќ од Пелистер да бидат казнети со по еден натпревар неиграње.

На Пелистер му одговара тоа што е одложена средбата со Еурофарм Работник за две седмици, а двајцата играчи на битолчани ќе паузираат против Пролет следниот викенд, додека охриѓани ќе бидат хендикепирани без двата бека кои се важна алка, исто така против Пролет.

Тимот на Матлиески може да добие најмногу од оваа ситуација и да обезбеди важни бодови во борбата за плеј-офот.