Успешно деби на Миркуловски во дресот на Вецлар

Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски успешно ја стартуваше сезоната во новиот клуб кој во првиот натпревар во сезоната издвојува победа над Битенфелд 28-27.

Во гостувањето во Штутгарт кај новиот суперлигаш Битенфелд, екипата на Вецлар предводена од новиот капитен Стефан Фет успеа да триумфира со гол во последната секунда на натпреварот благодарение на погодокот кој го постигна Андреас Волф. Свој удел во победата имаше и Филип Миркуловски кој постигна 2 погодоци.

Миркуловски минатата сезона настапуваше за составот на Хановер и заедно со Николај Вебер, Стефан Вујовиц, Јоао Фераз и Јаник Кохлбахер го засилија Вецлар во новата сезона.