Успешни контроли на младите Вардарки

Втората екипа на ЖРК Вардар која е на подготовки во Аранѓеловац одигра неколку пријателски натпревари со Књаз Милош и кадетската репрезентација на Србија.

На првиот натпревар против Књаз Милош во Аранѓеловац, Вардарки триумфираа со резултат 18:30 ( 7-17).  Овој натпревар ЖРК Вардар го одигра против младинскиот тим на Књаз Милош, генерација 96/97. Во одлично шутерско издание се покажа новото засилување во Вардар, Теодора Керамитчиева која беше најефикасна со осум голови. Меѓу стативите застанаа сите три голманки, Ладева и  новата голманка Белмезова забележаа по седум успешни интервенции, а Младеновска имаше една одбрана.

Књаз Милош 18 ЖРК Вардар 30 ( 7-17)

ЖРК Вардар: Ладева седум  одбрани, Белмезова седум  одбрани, Младеновска една одбрана, Керамитчиева 8, Тодоровска 5, Нолевска 5, Гакидова 3, Прленда 2, Џини 2, Георгиевска 2, Трпковска 2, Мишевска 1.

Вториот контролен натпревар ЖРК Вардар го одигра против кадетската репрезентација на Србија и забележа победа од 20:13 ( 12-6). Половина од головите ги постигна Теодора Керамитчиева која упати десет прецизни удари во голот на Србија.. На голот Нина Ладева имаше 11 успешни одбрани.