Успешен почеток на европската авантура: Е. Работник патува со предност во Литванија

Ракометарите на Еурофарм Работник со победа од 4 голови разлика ќе патуваат на реванш натпреварот од 3 коло во Челинџ Кушот, откако вечерва во Битола го совладаа литванскиот тим Гранитас Каунас со 28:24.

Гостите на стартот на мечот беа во егал, но кога видоа со кого си имаат работа, домашните во финишот на полувремето ја направија клучната предност и обезбедија плус 4, пред паузата за полувремето, 12:8.

Имаа момците на Темелковски и плус 6 во второто полувреме, но гостите сепак успеаја да намалат на 4 голови во финишот, 28:24, и со помала негатива да го дочекаат реваншот, што ќе се игра следниот викенд во Литванија.

Најдобар поединец во домашниот тим беше Гоце Ојлески со 8 голови, по 5 дадоа Дрогришки и Мојсоски, Чурлевски Талевски стрелаа по 4 пати, додека 1 гол даде Граџан. Кај гостите се истакнаа Древинскас со 8 и Старолис со 5 погодоци.