Урош Зорман: Ќе се обидеме да ја освоиме Лигата на Шампионите (ВИДЕО)

Почнувајќи од 2011 година, словенечкиот репрезентативец Урош Зорман е дел од составот на Киелце.  Во одличната сезона која ја одигра неговата екипа Зорман одигра огромна улога а пласманот на финалниот турнир во Келн е само награда за добрата игра прикажана во текот на сезоната.
Киелце во натпревар против Барселона ќе го бара своето место во финалето, а Зорман во изјава за 24ракомет вели дека неговата екипа не е случајно дел од завршницата и нивна цел е секако освојување на Лигата на Шампионите.