Урош Брегар од Вардар заминува за Унгарија: Словенецот е нов тренер на Вац!

Словенечкиот ракометен експерт и помошник на тренерот на македонскиот шампион Индира Кастратовиќ, заминува од Скопје и во наредниот период ќе ја предводи екипата на Вац од Унгарија. Како што информираат од клубот со амбициозниот и динамичен Брегар добиваат свежа крв која и е потребна на екипата.
Вац го заврши регуларниот дел од сезоната на деветата позиција во унгарското првенство, и се бори за опстанок во плејаут фазата од националното првенство.
36-годишниот Брегар го прифати новиот предизвик и како главен тренер ќе ја води амбициозната унгарска екипа.
Примарната цел за ракометарките на Вац е да обезбедат опстанок во најсилното ракометно натпреварување во Унгарија оваа сезона, а клучните шест натпревари ќе ги одиграат од средината на април до крајот на мај.
За да може да го оствари зацртаното, Словенецот од наредната сезона во својот тим на помош ќе ги добие ракометарките Кристина Лишчевиќ која доаѓа од францускиот шампион Мец и Сара Вукчевиќ која премина од екипата на Ерд.
Пред да дојде во Скопје како помошник тренер во ЖРК Вардар, Брегар беше помошник тренер во ракометниот клуб Крим Меркатор, а има искуство во машкиот ракомет како тренер на екипата на Гросупље. Брегар од 2008 до 2012 беше предводник на младинската репрезентација на Словенија.