Управата застана зад тренерот на ЖРК Вардар!

После високиот пораз на ЖРК Вардар во Волгоград настанаа низа разочарувања кај фановите на ,,црвено-црните”. Најголемиот број на негативни коментари од македонската публика се упатени кон тренерот на ЖРК Вардар, Индира Кастратовиќ. И покрај лошата игра на Вардар во Лигата на шампионите, од таборот на македонскиот првак во изјава за Македонски Спорт соопштија дека нема да има никакви санкции.

Злите јазици“ се погласно зборуваат за смена на Индира Кастратовиќ од клупата на „црвено-црните“, но таа и понатаму ја има довербата од првите луѓе на клубот.
„Главата горе, одиме понатаму“.