Унгарците со полн плен за прво место на табела во СЕХА: Шоу на Илиќ во Веспрем!

Во натпревар од 7-то коло од СЕХА лигата, пред преполната Веспрем арена, домаќините ги декласираа македонските вице-прваци Вардар со резултат 31-23.  По овој натпревар Веспрем е прв на табелата по одиграни четири натпревари со 12 бодови, три повеќе од Вардар кој е на втората позиција.
Уште на самиот почеток унгарските ракометари го направија клучното водство 5-1, кое го префрли притисокот на македоскиот тим. Бледото издание на Вардар единствено што можеше да направи е да го намали водството на Веспрем на два гола предност најпрво на 9-6 во 19 минута и последен пат на натпреварот во 22 минута на 11-9. Но импресивното издание на унгарскиот шампион, одличната и агресивна одбрана и одличните решенија во напад му донесоа пет голови предност по крајот на првите 30 минути, 17-12.
10639543_512149835554428_171349613726550463_n
Фото: www.seha-liga.com Мелцер Золт /Melczer Zsolt/

Во вториот дел, Вардар не успеа да најде решение за одличната одбрана на домаќините, долгите напади под притисок на пасивност само одеа во полза на ракометарите на Веспрем. Покрај многубројните грешки во нападот, Вардар до 50-та минута играше на исто ниво како и Веспрем, затоа и резултатската предност беше иста како на полувремето 25-20. Во последните 10 минути, домаќините водени од извонредниот Момир Илиќ со одлични удари од далечина и прецизни обиди од 7-метри ги искористија неколкуте одбрани на Миклер и само ја потврдија доминацијата на овој натпревар за конечни 31-23. Притисокот од отсуството на повредените Петриќ и Терзиќ остави последици на играта на младиот Душебаев кој не успеа да го пронајде вистинското темпо и да го даде максимумот на овој натпревар.
Најдобар поединец на теренот беше Момир Илиќ со 12 постигнати голови, кај Вардар, Дибиров постигна 5, а Брумен и Тоскиќ по 4 погодоци.
Во следен натпревар Веспрем ја пречекува екипата на Нексе, на 16.09.2014 во рамките на натпреварот од 5-коло, додека Вардар ќе го пречека  Нексе пет дена подоцна во рамките од 4-то коло од СЕХА лигата.