УНГАРЦИТЕ ВО НЕВЕРУВАЊЕ: „Целосен потоп“, „Вардар го надигра Сегед за осум минути“, „Каков кошмар“…(ФОТО)

Високиот пораз од Вардар на ПИК Сегед беше примен со неверување во унгарската ракометна јавност.

Тамошните медиуми пишуваат дека нивниот тим не заслужил вака висок пора, но и дека е многу тешко, да се надмине негативата од осум голови.

Угледниот „Национален Спорт“ излезе со наслов „Сегед колабираше на крајот“

Ракометниот портал „Седум метри“ имаше наслов „Вардар лесно со Сегед“

Уште еден ракометен медиум „Шест плус еден“ напиша „Целосен потоп“

Порталот „Индекс“ имаше наслов „Кошмарен пораз“….