Унгарско првенство: Фаворитите без проблеми

После ЕХФ неделата во прилог на квалификациите за ЕП што ќе се одржи ширум градовите во Полска на почетокот на 2016, продолжуваат возбудувањата во домашните првенства.

Конкретно во Унгарија чиј национален состав,но и клупскиот ракомет бележи успеси продолжува со несмален интензитет.
Денеска на репертоарот беа два интересни натпревари и тоа: Чургои-Веспрем 24-35 (8-19), каде победникот беше решен уште по првиот дел, кога големиот фаворит одигра фуриозно подеднакво добро во напад и во одбрана. Во продолжение на мечот сите играчи на унгарскиот шампион учествуваа во победата, до крајот домашниот состав успеа да го подобри нападот и да стигне до 24 голови но недоволно за да се загрози победата на фаворитот.

Вториот меч, Татабања-Оросхази 33-25 (20-10), домаќинот стигна до убедлива победа и сигурно чекори. И на овој натпревар победникот беше решен на полувремето кога Татабања водеше +10 пред се со одлична одбрана. После 2 порази и 1 реми, тимот на Татабања стигна до убедлива победа.