Унгарскиот голман Бланка Биро доминира во изборот за “Топ 5” одбрани во првата фаза на ЕП (ВИДЕО)

Покрај изборот на најдобрите голови, на ЕП во Унгарија и Хрватска беа избрани и најдобрите 5 одбрани по првата фаза. На петтата позиција се најде голманката на Холандија, Тес Вестер, четвртото место е резервирано за двојната одбрана на словачката голманка Лиуција Губикова, извонредната Бланка Биро на голот на Унгарија е на позицијата број 3, Јасмина Јанковиќ од Холандија и Клара Волтеринг од Германија ја поделија втората позиција, а најдобрата одбрана во првата фаза на ЕП ја има Бланка Биро која на извонреден начин и одбрани зицер на руската репрезентативка Петрова.