Унгарија: Фехервар подобар од Дунајварош, Марија Штериова меѓу најдобрите стрелци во унгарската лига

Амбициозниот тим на Фехервар продолжува во победнички ритам. Ракометарките на Фехервар беа подобри од Дунајварош и заслужено ја остварија својата трета победа од четири одиграни натпревари. Фехервар триумфираше со 23 : 19 ( 11 : 12). Најефикасна ракометарка во победничкиот тим беше Маер Сабина со шест погодоци, четири додаде репрезентативката на Јапонија, Ишитате Мајуко. Кај Дунајварош со шест погодоци се истакна Милинда Винче.

Во дерби натпреварот меѓу Шиофок – Ѓер, битката ја доби Ѓер кој беше подобар во текот на целиот натпревар. Резултатот во Шиофок заврши убедливо за составот предводен од Амброс Мартин 29 : 23 ( 15 : 12).

По четири одиграни натпревари, Вероника Фаркаш ја предводи листата на стрелците со 29 погодоци. Дополнително листата на стрелци ќе се измени со натпреварот МТК Будимпешта – Сегед бидејќи овие два тимови ќе го одиграат дерби натпреварот за избегнување на последното место во рамките на четвртото коло. Марија Штериова со 19 погодоци се најде на деветото место.

handball hungary-vac-steriova