Унгарија: Пораз на Штериова и Костјукова

Осумнаесетото коло од унгарската лига во женска конкуренција донесе пораз за тимовите на екс ракометарките на ЖРК Вардар, Марија Штериова и Екатерина Костјукова. Нашата репрезентативка со нејзиниот тим беше поразена на домашен терен од моќниот Ѓер со 27:19 ( 14:11). Штериова не успеа да се запише во листата на стрелците. Натпреварот го одбележаа Тамара Тилингер која постигна девет погодоци и беше најефикасна во домашниот тим, Хајди Локе со седум погодоци беше најдобра поединка во составот на Ѓер.

Дунајварош на домашен терен триумфираше против Ерд со 23:20 ( 10:15). Солидна минутажа доби и поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Екатерина Костјукова која постигна еден погодок во првото полувреме. Најефикасна ракометарка во Дунајварош беше Анита Булат со седум погодоци. Во поразениот тим репрезентативката на Србија, Катарина Крпеж постигна пет погодоци.

Резултати, 18 коло

Фехервар – Ѓер 19 :27 ( 11:14)

Дунајварош – Ерд 23:20 ( 10:15)

Сиофок – Бекешчаба 38:26 ( 21:15)

Вац -ФТЦ 22:31 ( 11:12)

Дебрецен – МТК Будимпешта ( 06.02.2015)

Мошонмаѓаровар – Сегед ( 07.02.2015)

Фото: Bátor Zsolt