Унгарија и Украина го заверија пласманот во полуфиналето! (ФОТО)

Последните два четвртфинални натпревари од Европското првенство на плажа во машка конкуренција донесоа супер интересни дуели, атрактивни потези и борба до последниот атом од силите за пласман во полуфиналето. На главниот терен во комплексот Санданс, репрезентацијата на Србија иако се бореше до самиот крај немаше сили да приреди уште еден фантастичен резултат по победата над Хрватска. Унгарците успеаа да слават со 2-1 по подоброто изведување на пеналите.

УНГАРИЈА-СРБИЈА 2-1 (31-30, 19-20, пенал серија:6-3)

Првиот сет мина во израмнета игра на двете страни, но поголема срека во завршницата имаше унгарскиот состав кој со гол буквално во последната секунда успеа да го добие првиот сет со 31-30. Во вториот сет Србија иако беше во незавидна положба ( имаше негатива од 9-4) сепак успеа да се врати во игра и благодарение на фантастичните Павловиќ и Димитриевиќ го доби вториот сет со 19-20, по што пеналите требаше да го одлучат патникот во полуфиналето. Унгарските ракометари имаа повеќе концентрација во пенал рулетот кој го добија со 6-3,обезбедувајки место во финалнната четворка и дуел со домаќинот Шпанија.

FLP_3271 (3)-2

РУСИЈА-УКРАИНА 1-2 (16-12, 10-19, пенали:4-8)

Последниот патник во полуфиналето го даде советското дерби помеѓу Русија и Украина. Иако Русите групната фаза ја завршија на првата позиција на табелата, а Украина беше третопласирана, сепак и ова четвртфинале донесе голема борба во која Украинците по подоброто изведување на пеналите сосема заслужено славеа со 1-2.
Русија добро го стартуваше натпреварот и без поголеми проблеми успеа да го добие првиот сет со 16-12. Но ракометот на плажа е игра во која резултатот многу лесно може да се промени во полза на противникот, а тоа го докажаа Украинците во продолжението на натпреварот. Перфектно одиграниот втор сет кој го добија со со 10-19, го однесе натпреварот во пенал завршница во која Украинците беа подобри со резултат 4-8. Оваа победа на репрезентацијата на Украина и донесе полуфинален дуел со актуелниот Европски првак Хрватска.

FLP_3271 (4)-2

rusijaukraina] (1 of 1)

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ