Унгарија и Русија најдобри репрезентации на Европското првенство на плажа до 19 години

На неколку дена пред стартот на сениорското Европско првенство на ракомет на плажа, Лорет де Мар беше домаќин на Европското првенство на плажа за мажи и жени до 19 години.

Во однос на минатото првенство нема промена во шампионот во женска конкуренција каде Унгарија го одбрани златото по победата забележана над домаќинот Шпанија.

Иако Шпанија имаше подобар старт во финалето и го доби првиот сет 21:20, Унгарија доминираше во продолжението и доби вториот сет со 25-13, за во третиот решавачки сет во тесна борба решавачки да биде обидот на шпанскиот голман Ана Марин Перез која чистата гол-ситуација не ја искористи што резултираше со конечни 10-8 за унгарскиот состав.

Во малото финале, Германија пак пристина до бронза по победата над Русија со 2: 1 во натпреварот за третото место.

11230582_873902542658238_6690293277884270083_n

Во натпреварувањето кај мажите пак Русија доминираше над Хрватска и ги доби двата сета со 31-16 и 28-21. Бронзата пак им припадна на домаќините Шпанија кои тримуфираа над Унгарија со 2: 0.

Од составот на домаќините беше избран и најкорисниот играч на првенството Марти Гаскон додека сребрената репрезентација го имаше најдобриот голман Мислав Смолковиќ и исто така Хрватска го доби признанието за фер-плеј репрезентација.

Кај жените Лара Лозано Мациас беше прогласена за најкорисен играч, додека од составот на шампионките Викторија Вигх беше прогласена за најдобар стрелец со 93 погодоци.

Германката Магдалена Фреј беше прогласена за најдобар голман а нивниот сосед Швајцарија го понесе признанието за фер-плеј репрезентација.


Фото:eurohandball.com