Унгарија : ЕРД и Фехервар ги поделија бодовите, Мошонмаѓаровар немоќен против Ѓер

Дерби натпреварот помеѓу ЕРД – Фехервар во петтото коло од унгарското домашно првенство заврши без победник 21 : 21 ( 9 : 10). Иако во поголемиот дел од натпреварот екипата на Фехервар имаше водство од три разлика, сепак во последните минути домашните ракометарки предводени од Катарина Крпеж и Ковач Ана стигнаа до важен бод.

Најефикасна во составот на ЕРД беше Катарина Крпеж со осум погодоци, во екипата на Фехервар најефикасни со пет погодоци беа Богосављевиќ Тања и Хајдуч  Ценге .

Ѓер беше убедлив против Мошонмаѓаровар со високи 39 : 20 ( 19 : 11). Анико Ковачич беше најпрецизна во Ѓер со осум погодоци, во составот на Мошонмаѓаровар Тот Габриела ја преводеше листата на стрелци со седум погодоци.